Резервниот голман на Манчестер Јунајтед, Алтај Бајандир, го напушта „Олд Трафорд“ и следната сезона ќе го носи дресот на Селта Виго.
Турскиот чувар на мрежата во шпанскиот клуб ќе пристигне на позајмица, со опција за откуп на договорот вредна 3,5 милиони евра.
Бајандир се пресели во Манчестер Јунајтед во 2023 година од Фенербахче, но не успеа да се избори за сериозна минутажа. За две сезони запиша само 17 настапи за англискиот гигант, најчесто како резерва на првиот голман.
Селта Виго минатата сезона беше едно од најпријатните изненадувања во Ла Лига, завршувајќи на шестото место и обезбедувајќи настап во главната фаза од Лигата на Европа. Клубот во Бајандер гледа засилување под голот пред европските предизвици.
Манчестер Јунајтед во овој преоден рок продолжува со расчистување на голманската позиција. Покрај Бајандир, клубот се разделува и со Радек Витек, кој се очекува да направи перманентен трансфер во Мидлсбро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
