Манчестер јунајтед го продава Руни во Кина до крајот на февруари?!

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед ќе го продаде најдобриот стрелец во клупската историја, Вејн Руни, до крајот на февруари, откриваат медиумите на Островот. Негова следна дестинација ќе биде Кина. Неколку клубови наддаваат во обидот да го ангажираат, а најсериозни се Пекинг гуан и Гвагжу евергранде.

Менаџерот Жозе Мурињо и лично му објасни на Руни дека не може да му гарантира стандардно место во првиот состав, а тоа значи дека напаѓачот има дозвола да си замине. Кинеските клубови нудат вистинско богатство и за Манчестер јунајтед, а и за самиот Руни, само за да го привлечат во нивната лига.

Според информациите, доколку Вејн Руни се согласи на трансфер во Кина, ќе стане најскапоплатениот фудбалер во светот, со годишна плата од околу 32 милиони фунти. Неговиот договор со Манчестер јунајтед истекува за 18 месеци, па и клубот ќе добие убава сума за отштета.

Се вчитува...