Манчестер Јунајтед го враќа Едвин ван дер Сар на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед конечно решил да ја поплни позицијата директор за фудбалски операции и според британските медиуми високо на листата желби се наоѓа поранешниот голман на клубот, Едвин ван дер Сар.

Тој во моментов е на оваа функција во Ајакс и добива огромни пофалби за работата што ја извршува. Холандскиот клуб летово ги продаде мегаталентите Френки де Јонг и Матијс де Лихт и од нив заработи огромни 160 милиони фунти. Ваквиот начин на заработка е главниот проблем во Манчестер Јунајтед.

Јуанјтед е еден од само трите премиерлигашки клубови кои немаат директор за фудбалски операции, а управата постојано се правда со изговорот дека е потребно време за да се пронајде вистинската личност.

Меѓу кандидатите за функцијата во игра е и Рио Фердинанд.

Се вчитува...