Манчестер Јунајтед има рекордни приходи, но во исто време го зголемува долгот

Манчестер Јунајтед објави дека во сезоната 2025/26 имал рекордни приходи од 677.6 милиони фунти, но во исто време финансискиот извештај покажува и зголемување на долгот.

Во однос на претходната сезона, приходите се зголемени за 1.7 отсто, што за челниците на екипата е позитивен резултат бидејќи Манчестер Јунајтед не играше во европските купови и немаше спонзори на опремата за тренинзи.

Јунајтед минатата сезона ја заврши на третата позиција на табелата, а приходите од ТВ правата се зголемиле за 33.9 милиони фунти.

Сепак, не се сите резултати позитивни, „црвените ѓаволи“ сезоната ја завршија со минус од 43 милиони фунти, додека во сезоната 2024/25 загубите изнесувале 33 милиони фунти.

Посебен проблем за раководството претставува растот на долгот. Долгорочните задолжувања се зголемиле од 471.9 милиони на 577.6 милиони фунти, а голем удел во ова има промената во каматните стапки и рефинансирањето на обврзниците кое беше направено пред три месеци.

Се вчитува...