Манчестер Јунајтед испиша негативна страница во клупската историја

Еден од најпопуларните и најбогати фудбалски клубови во светот, Манчестер Јунајтед се наоѓа во голема криза по заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Ниту Оле Гунар Солскјер не се покажува како достојна замена за големиот Ферги, а „црвените ѓаволи“ од натпревар во натпревар доживуваат само нови понижувања, а последното е видено на гостувањето кај АЗ Алкмар кое заврши без голови 0-0.

Солскјер на теренот излезе со тим кој вреди 249 милиони фунти, а мечот го завршија без шут во голот на домаќините. Ремито значеше дека Јунајтед е без победа во последните десет гостувања во сите натпреварувања, а во последните 22 меча имаат само 5 победи.

Следува ново тешко гостување за тимот од „Олд трафорд“ кој во премиер-лигата ќе игра против Њукасл.

Се вчитува...