Манчестер јунајтед не може ниту со „фенерџијата“: Реми и со Хал на „Олд трафорд“

По двата нерешени резултати, со Ливерпул и со Стоук, Манчестер јунајтед нанижа и трето едноподруго реми (0-0) во низа, во 23. коло од Премиер лигата на „Олд трафорд“ не успевајќи да слави ниту против фенерџијата Хал.

Четата на Жозе Мурињо се обидуваше максимално да стигне барем до еден погодок вреден триумф, но останаа неискористени шансите на Рашфорд, Мата и Ибрахимовиќ посебно во второто полувреме.

Ова реми без голови за Манчестер јунајтед значи останување на шестата позиција на табелата, со 42 бода, веќе заостанувајќи зад Ливерпул и Манчестер сити кои со 46 бода се на делба на четвртото место.

Се вчитува...