Манчестер јунајтед од „готово-вересија“: Имаше предност од 0-2 па ремизираше со Тотенхем (ВИДЕО)

Уште еден циркус на Манчестер јунајтед во Премиерлигата. „Црвените ѓаволи“ беа пред победа во Лондон против Тотенхем во 32. коло од Премиерлигата, имаа предност од 0-2, но на крај дозволија два гола на домашните во второто полувреме за конечно реми, 2-2.

Екипата на Ерик Тен Хаг во седмата минута преку Џејдон Санчо постигна гол за предност од 1-0, по што водството го зголеми Маркус Рашфорд во 44. минута.

Но, во второто полувреме Тотенхем по само 11 минути намали на 1-2 преку Педро Поро, а бодот за домаќините го обезбеди Хеунг-Мин Сон во финишот од средбата кога излезе „еден на еден“ со Давид Де Хеа и го пронајде патот до неговата мрежа.

Се вчитува...