Манчестер Јунајтед се засили со млад дефанзивец од Парагвај

Манчестер Јунајтед објави дека потпиша со младиот дефанзивец Диего Леон. Младинскиот репрезентативец на Парагвај доаѓа од тимот на Серо Портењо.

Талентираниот дефанзивец одигра 33 меча во сениорска конкуренција за својот тим, а важи за еден од најдобрите таленти во својата татковина. Игра на позицијата лев бек.

Леон во април наполни 18 години, и треба да биде иднината на тимот од Манчестер. Најпрво можно е да игра во младинската академија, се додека не се прилагоди, и полека да биде вклучуван во сениорската екипа на тимот од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...