Манчестер ремизираше со „фенерџијата“ Хадерсфилд и се прости од ЛШ, Челси сигурен со Ватфорд (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед ги загуби шансите за пласман на една од четирите позиции кои следната сезона водат во Лигата на шампионите, откако само ремизираше 1-1 на гостувањето кај фенерџијата Хадерсфилд  во 37. коло во Премиер-лигата. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на младиот Скот Мек Томинај  во 8. минута. Во продолжението на мечот Погба на двапати ја погодуваше пречката, а конечните 1-1 ги постави Исак Мбенза во 60. минута. Челси е на чекор до пласман во Лигата на шампионите откако на домашен терен беше сигурен против Ватфорд, кој го совлада со 3-0. Избраниците на Маурицио Сари го срушија отпорот во второто полувреме со головите на Лофтус Чик во 49, Давид Луиз во 51. и Гонзало Игуаин во 75. минута.

На табелата Челси изби на третото место со 71 бод, а Манчестер Јунајтед остана шести со 66 бода.

Се вчитува...