Манчестер Сити до минимална победа над Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер Сити триумфираше со минимални 1-0 на домашен терен против Брајтон и Хов Албион во натпревар од 18. коло во англиската Премиер-лига.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 44. минута кога младиот Фил Фоден стрелаше на асистенција на Кевин де Бруин. До крајот во 92. минута Рахим Стерлин не реализираше пенал, но за среќа на избраниците на Гвардиола не остана време да бидат казнети.

Со триумфот „граѓаните“ се искачија на третата позиција на првенствената табела со 32 бода, односно четири помалку од првопласираниот Јунајтед и еден од вториот Ливерпул. Брајтон останува 17. со 14 бода.

 

 

 

Се вчитува...