Манчестер Сити е вториот најомразен клуб во Премиер-лига

Манчестер Сити под водство на Пеп Гвардиола бележи одлични резултати изминатите години, но и покрај бројните трофеи и одличните игри се уште не може да ги привлече симпатиите на фудбалските вљубеници. Имено, по анкетата спроведена меѓу навивачите во Премиер-лигата, актуелниот шампион е избран за втор најомразен клуб. Пред нив е само Барнли кој е за само еден отсто поомразен клуб.

Анкетата е спроведена низ цела Велика Британија, со посебен акцент на фановите на премиерлигашките клубови. Навивачите одговарале кој клуб, покрај нивниот за кој секако се субјективни и е надвор од конкуренција, најмногу го сакаат, а кој најмногу го мразат.

Како најсакан клуб е избран Ливерпул, а потоа следуваат Арсенал и Лестер. Манчестер Јунајтед се наоѓа на 9. позиција на рангирањето на најсакани клубови во англиската Премиер-лига, а Челси е четиринаесетти.

Се вчитува...