Манчестер Сити го „лови“ Бруно Фернандеш

Актуелниот англиски првак Манчестер Сити е во жестока битка за одбрана на титулата во Премиер – лигата, но веќе размислува и за следната сезона. Раководството на клубот, по барање на менаџерот Пеп Гвардиола, отпочна разговори со португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш, кој е соиграч на Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон.

На Гвардиола му е потребен квалитетен фудбалер на позицијата последен играч за врска како наследник за Фернандињо кој ќе си замине од „Етихад“. Манчестер Сити е подготвен да плати 50 милиони евра за да го доведе Бруно Фернандеш во клубот ова лето.

Се вчитува...