Манчестер сити го презеде врвот во Премиерлигата, по победата над Фулам (ВИДЕО)

Манчестер сити го презеде врвот во Премиерлигата пред Арсенал, откако триумфираше на гостувањето против Фулам со 0-2.

„Граѓаните“ уште во 3. минута со голот на Халанд ја најавија победата, а иако Карлос Винисиус во 15. минута израмни на 1-1, веќе во 36. минута Алварез ги постави конечните 1-2.

Манчестер јунајтед, пак, победи со 1-0 против Астон Вила за издвојување на четвртата позиција со девет бода пред Тотенхем. Стрелец на голот за победа на „црвените ѓаволи“ беше Бруно Фернандеш во 39. минута.

Се вчитува...