Манчестер сити останува единствена екипа со максимален учинок по пет кола во Премиер лигата откако денеска пред своите гледачи го совлада Сандерленд во најефикаснкиот натпревар досега.
„Ѓраѓаните“ славеа со 5:3 над Сандерленд за петта победа во петте меча и осамостојување на лидерската позиција на табелата по синоќешниот пораз на Арсенал.
Во првото полувреме беа постигнати пет гола, а гол-шоуто го отвори Енцо Фернандес со фантастично голчиште.
Аргентинецот постигна прекрасен гол од слободен удар во деветтата минута.
Enzo Fernández free-kick vs Sunderland (Alternative Angle)
by
u/LostEconomy6824 in
soccer
Гостите експресно израмнија преку Броби кој го постигна и вториот гол за Сандерленд во првото полувреме.
Черки во 29-та и Семењо во 43-та минута се запишаа во листата на стрелци и на својот тим му обезбедија водство на паузата.
Во второто полувреме, Семењо во 57-та минута со својот втор гол зголеми на 4:2. Брајан Броби одличната партија на „Етихад“ ја круниса со хет-трик. Конечниот резултат го постави Ерлинг Халанд во 81-та минута.
Ливерпул како гостин со 0:1 славеше кај Борнмурт со голот на Александер Исак во 57-та минута. Голот на Исак може да го видите ТУКА.
За менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола овој дуел беше посебен бидејќи до минатата сезона седеше на клупата токму на Борнмут. Со триумфот, Ливерпул скокна на шестото место на табелата со девет освоени бодови.
Во третиот натпревар, Лидс и Кристал палас ги поделија бодовите играјќи без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
