Манчестер Сити не е подготвен лесно да се откаже од Родри. Англискиот клуб ја одбил првата понуда на Барселона, вредна речиси 45 милиони евра, бидејќи смета дека сумата е далеку под вистинската вредност на шпанскиот репрезентативец.
Според последните информации, „граѓаните“ ќе бараат најмалку 70 милиони евра за капитенот на шпанската репрезентација, кој наводно веќе ги договорил личните услови со каталонскиот гигант и сака нов предизвик во кариерата.
Родри претходно бил во контакти и со Реал Мадрид, но донел одлука кариерата да ја продолжи во Барселона, за што веќе ги информирал челниците на „кралскиот клуб“.
Иако Сити е познат по тоа што им дозволува на незадоволните играчи да заминат доколку се исполнат финансиските услови, клубот нема намера да попушти во преговорите и инсистира на значително повисока отштета.
Во меѓувреме, англискиот вицешампион веќе работи на засилувања во средниот ред. Клубот е во напредни преговори за ангажман на талентираниот Ајуб Буади од Лил, а доколку Родри навистина си замине, се разгледува и можноста за доведување поискусен играч како негова замена. Се споменува Енцо Фернандез од Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
