Манчестер Сити ја одреди цената за Бернардо Силва

Бернардо Силва не крие дека би сакал да се пресели во нов клуб и да си замине од Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола неодамна најави дека нема сосила да чува несреќни фудбалери и секој што ќе сака да си замине, тоа ќе му биде овозможено за одредена цена.

Само што, во случајот на Силва таа цена е прилично висока, откако „граѓаните“ им порачале на заинтересираните клубови дека очекуваат 75 милиони фунти (околу 85 милиони евра) за да дадат зелено светло за заминување на португалскиот плејмејкер. Станува збор за играч кој покрива неколку позиции во тактичките замисли на Пеп Гвардиола, па јасно е зошто англискиот гигант не планира така лесно да се откаже, барајќи богатство за Португалецот. Силва има договор до јуни 2025, така што на „граѓаните“ не им се брза и делуваат упорно во настојувањата или да го задржат Силва на „Етихад“ или да си замине за минимум 75 милиони фунти.

Барселона веќе две години го следи одличниот фудбалер, но со оглед на огромните финансиски проблеми на каталонците овој трансфер се чини како невозможна мисија. ПСЖ исто така е сериозно заинтересиран за Силва, но останува да се види дали „светците“ ќе се согласат да ја платат цената што Сити ја бара за овој фудбалер.

Се вчитува...