Манчестер Сити по една сезона го продаде својот играч и ќе заработи над 60 милиони евра

Тијани Рејндерс е пред изненадувачки трансфер од Манчестер Сити во Саудиска Арабија, откако Ал-Кадисија постигна договор со англискиот шампион за ангажман на холандскиот репрезентативец.

Двете страни се договориле за трансфер вреден 61 милион евра, а клубовите во моментов ја разменуваат потребната документација пред официјализирање на зделката. Рејндерс веќе дал согласност за преселба и се очекува наскоро да отпатува во Саудиска Арабија.

28-годишниот играч за врска пристигна во Манчестер Сити минатото лето од Милан, а во својата прва сезона на „Етихад“ забележа 47 настапи во сите натпреварувања, со седум голови и осум асистенции.

Рејндерс во последниот период не тренира со тимот на Пеп Гвардиола, бидејќи го очекува заминувањето во Саудиска Арабија. Неговиот трансфер во Ал-Кадисија би бил изненадување, особено по само една сезона помината во Манчестер Сити.

Се вчитува...