Манчестер Сити повторно без Де Бруине

Манчестер Сити ќе биде ослабен и за утрешниот премиерлигашки дуел, на домашен терен против Вест Хем, откако Кевин де Бруине не успеа навреме да се рехабилитира од повредата.

Белгискиот генијалец го пропушти и претходниот дуел со Фулам, повредата не беше премногу сериозна па се очекуваше негов камбек против Вест Хем, но Де Бруине го пропушти денешниот тренинг на екипата, по што стана јасно дека нема да може да настапи против „чеканите“. Самиот Пеп Гвардиола не сака да ризикува, туку ќе го чува својот клучен играч, за максимално здрав и подготвен да го дочека полуфиналниот меч од ЛШ против Реал Мадрид закажан за седум дена.

Сити во моментов се наоѓа на првото место на премиерлигашката табела со еден бод предност и меч помалку во однос на второпласираниот Арсенал.

Се вчитува...