Манчестер сити прави супер – тим и во женскиот фудбал: Карли Лојд стана „граѓанка“

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити сака да оформи супер – тим и во женска конкуренција, а првиот голем потег во таа насока е ангажманот на Карли Лојд, американската фудбалерка која двапати беше избрана за најдобра во светот според ФИФА.

34-годишната фудбалерка потпиша договор на шест месеци, со договор до 1.јуни 2017 година, кога се игра финалето во Лигата на шампионите во женска конкуренција. По ова, таа најверојатно ќе се врати во редовите на Хјустон Даш во САД. Манчестер сити ќе игра против Фортуна хјоринг во женското издание на Лигата на шампионите.

Се вчитува...