Манчестер Сити: Разочарани сме, но не сме изненадени од одлуката на УЕФА

Манчестер Сити стана првиот тим што успеал во последната деценија да ја одбрани титулата во Премиер – лигата, но сепак селектирањето на тимот кој вреди многу на крајот може да донесе големи последици. Случајот на Сити денеска е пренесен од истражната комисија на пресуда во Финансиското контролно тело на УЕФА кое е последен стадиум пред носење на конечна одлука околу суспензија.

Обвиненијата се многу конкретни, пумпање на финансиски договори од спонзори, исплаќање на фудбалерите од други сметки и прикажување на лажен клупски профит за да се остане во границите на финансискиот фер-плеј.

Раководството на Манчестер Сити денеска потврди дека ќе оди пред Финансиското контролно тело на УЕФА, додавајќи дека се разочарани, но за жал и не се изненадени од одлуката.

„Манчестер Сити е целосно уверен во позитивниот исход кога предметот се разгледува од независно судско тело. Обвинението за финансиски нерегуларности останува сосема неточен, бидејќи клубот достави непобитни докази дека правилата не се прекршени. Одлуката содржи грешки, погрешни толкувања и конфузии кои суштински се поттикнати од основен недостаток на правичен процес и остануваат нерешени прашања бидејќи против Манчестер Сити е воден ограничен и непријателски процес“, стои во соопштението од клубот.

Ако се донесе одлуката за суспензија на Манчестер Сити од страна на Финансиското контролно тело на УЕФА, клубот од „Етихад“ ќе добие забрана за трансфери во рок од една година, а можно е да добијат и едногодишна суспензија за настап во Лигата на шампионите.  

 

 

Се вчитува...