Манчестер Сити со одбрана од пола милијарда евра – Пеп купува нов дефанзивец за 60 милиони евра

Манчетсер Сити и ова лето ќе го продолжи трендот на трошење на огромна сума на пари за засилувања во одбраната. По доаѓањето на Кансело, Лапорт, Зинченко, Дијаз, Стонс, Вокер, Аке и Данило кои ги чинеа „граѓаните“ повеќе од 400 милиони евра, погледите на Пеп Гвардиола овој пат се насочени кон 18-годишникот Нуно Мендез, чија сума изнесува 60 милиони евра.

Младиот бек на Спортинг оваа сезона одигра 34 натпревари на кои беше еден од најдобрите играчи на клубот од Лисабон и воедно еден од најзаслужните за шампионската титула, а како што пренесуваат медиумите на „Островот“, Манчестер Сити веќе го контактирал агентот на Мендез.

Доколку се реализира овој трансфер, истиот би бил и нов клупски рекорд за Спортинг. Засега тој му припаѓа на Бруно Фернандеш, кој од „зелентие“ ги засили редовите на Манчестер Јунајтед за 55 милиони евра.

Се вчитува...