Манчини: Англија во моментов е подобра репрезентација од Италија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини пред натпреварот против Англија вели дека во моментов „гордиот албион“ е далеку подобра репрезентација во моментов од нивните.

Финалистите од минатогодишното ЕВРО сега се на последните две места во групата 3 од А дивизијата од Лигата на нации. Поразот може да го отвори патот за испаѓање на двете екипи. Манчини посочува бројни кадровски проблеми, а најнова во низата е повредата на Сандро Тонали.

„Секогаш постои ентузијазам кога се играат овие натпревари. Не сум загрижен, но факт е дека во моментов се во подобра форма. Но, мислам дека можеме да одиграме добар натпревар. Англија е една од најдобрите репрезентации во светот, полна со таленти. Ќе биде тежок натпревар. Тонали не тренираше, но ќе се обидеме да го подготвиме за следниот меч против Унгарија“, изјави Манчини. 

Се вчитува...