Манчини: Ќе бидам искрен… Доста ми е, полудев!

Италијанскиот селектор Роберто Манчини вели дека за неговата репрезентација е подобро Серија А да не продолжи повеќе оваа сезона. Сепак, Манчини, во последното интервју за „Газета дело спорт“, повеќе се осврнува на животот за време на карантинот.

„Ќе бидам искрен, и тоа како ми е доста што сум сам дома. Повеќе од 60 дена се и повеќе од доволно за било кој да полуди“ – вели Манчини.

Што се однесува до продолжување на фудбалската игра на Апенините…

„Јас сум селектор и коментирам малку од себична лична гледна точка. За мене е подобро Серија А да не продолжи затоа што фудбалерите би имале премногу натпревари низ летниот период и биле подложни на повреди. Но, исто така знам дека едвај чекаат да излезат на терен, па само поради нив се надевам дека што побрзо ќе се врати фудбалот“.

На Манчини во овој период најмногу му недостасуваат родителите.

„Не ги гледам, и загрижен сум за нив. Слушнав многу приказни за лица кои не можеле ниту да се збогуваат од своите болни родители и членови на семејства. Тоа ми го скрши срцета. Во вакви моменти гледам колку ни е значаен секој поединец во животот“ – вели Манчини.

Се вчитува...