Манчини: Не беше се негативно во нашата игра

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини по поразот од Белгија (0-2) на стартот на Лигата на нации изјави дека неговиот тим можел да стигне до нерешен резултат.

Тој истакна дека „аѕурите“ треба да го остават зад себе неуспехот во квалификациите за Светското првенство.

„Белгија играше подобро од нас во првото полувреме и имавме одредени тешкотии, но во вториот дел ние ја диктиравме играта, додека тие се мачеа. Со оглед на шансите што ги создадовме, можевме да израмниме, но примивме втор гол од контранапад, по наша сопствена грешка. Дали свирежите беа заслужени? Кога губите, тие се случуваат, но не беше сè негативно“, рече Манчини.

Се вчитува...