Манчини: Пуштете да се игра фудбал, тоа ќе го врати духот на Италија

Италија е една од најпогодените земји од коронавирусот, пандемијата и понатаму не стивнува, но селекторот Роберто Манчини ги охрабрува властите да дозволат да продолжи првенството во Серија А. Вели дека тоа ќе го врати духот на Италија.

„Не снајде огромна, неочекувана трагедија. Многу луѓе ги загубија животите, живееме во страв и во надеж дека конечно пандемијата ќе стивне. Здравјето на нацијата е најважно, но ако мене ме прашувате, јас би дозволил да се врати фудбалот. Мораме да се кренеме на нозе, да го вратиме животот, а мислам дека фудбалот ќе го врати духот на Италија. Доста ни е од вести за смртта, ковчези, несреќа, ајде да почнеме повторно да се радуваме“, порача селекторот на фудбалската репрезентација на Италија.

Најавите се дека продолжението на Серија А може да се случи во втората половина на мај или почетокот на јуни, иако засега нема дефинирано официјален термин за рестарт.

 

Се вчитува...