Манчини раскажа анегдота за Михајловиќ: „Зарем ова не е такси?“

Селекторот на Италија, Роберто Манчини раскажа интересна анегдота за својот голем пријател, Синиша Михајловиќ со кого заедно играа од 1994 до 1997 година во Сампдорија.

Се сеќава Манчини на првите денови кога Михајловиќ пристигнал во Џенова и возел жолто БМВ.

„Само што пристигна во Џенова купи некој жолт спортски автомобил. Еден ден отиде да ја пречека сопругата Аријана на станица, паркираше пред и чекаше, а непознат човек влегол во автомобилот и седнал на задното седиште“ – раскажува Манчини и продолжува:

„Синиша онаков темпераментен, како што го знаеме, се развикал: Што правиш ти тука? Човекот изненадено го погледнал и му одговорил: ‘Извенете, зарем ова не е такси?’“.

Фудбалскиот пат ги спои Манчини и Михајловиќ потоа и во Лацио, за да потоа продолжат заедно и како тренери во Интер.

Се вчитува...