Манчини верува во успех со Италија: Тука сум да победувам

Роберто Манчини ја доби задачата да ја врати фудбалската репрезентација на Италија во европскиот и светскиот врв, откако ги пропушти последните три Светски првенства.

Манчини се врати на селекторската функција откако Џенаро Гатузо си поднесе оставка по поразот селекцијата на БиХ во финалето на баражот за пласман на Мундијалот кој летово се одржа во САД, Канада и Мексико.

Кам-бекот на клупата на Италија со која триумфира на ЕП 2021, Манчини ќе ја има против Белгија в петок на стартот од новото издание на Лигата на нации.

„Не смееме да мислиме да негативните работи, кога започнувате нова авантура, вие очекувате нешто специјално и во наредните четири години ќе направиме нешто специјално. За мене ова е предизвик и ново поглавје во кариерата иако доаѓам на добро познато место. Тука сум да победувам и тоа е наша заедничка цел“, изјави Манчини.

Манчини за претстојните натпревари во Лигата на нации, повика дури 10 дебитанти, меѓи кои се 18-годишниот голман на Болоња, Масимо Песина, 22-годишниот Михаел Кајоде, а денеска дополнително го повика бекот на Астон Вила, Матео Руџери како замена за повредениот Федерико Димарко.

„Мислам дека е исправно да имаме неколку млади играчи околу кои ќе го градиме тимот во иднина“, додава Манчини.

Се вчитува...