Манџукиќ демантираше: Не ги оговарам соиграчите зад грб

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ демантираше дека дал интервју во кое ги открил тајните од соблекувалната на Јувентус. Наводно, тој за хрватските медиуми изјавил дека Леонардо Бонучи и Дани Алвеш имале жестока караница во соблекувалната во пресрет на финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Бонучи го фатил Дани Алвеш за врат, а жестока тепачка спречил тренерот Масимилијано Алегри, кој успеал да ја смири ситуацијата, но и напоменал дека двајцата фудбалери ќе мора ова лето да си заминат од Торино.

Така и се случи, Дани Алвеш потпиша за ПСЖ, а Леонардо Бонучи го засили Милан.

„Некој ми доделил зборови за Дани и за Лео што ги немам кажано. Сите знаат дека јас никогаш не им зборувам зад грбот на моите соиграчи. Доколку имам нешто да кажам, тоа го правам в лице. Ова е една голема лага”,  истакна Марио Манџукиќ.

 

Се вчитува...