Манџукиќ и Игуаин, повеќе од доволно за триумф против Кротоне

Италијанскиот првак Јувентус оствари рутинска победа на гостувањето против Кротоне (0-2) и ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Рома на седум бода. „Старата дама“ го доби овој меч на сув квалитет, а отпорот на домашниот тим го скрши Марио Манџукиќ во 60.минута од средбата.

Гонзало Игуаин во 74.минута го постигна вториот погодок за Јувентус, по што беше јасно дека тимот од Торино ќе ги освои планираните три бода.

Crotone vs Juventus 0-2 All Goals & Highlights… by denysenathan

Се вчитува...