Манџукиќ ја откачи Борусија Дортмунд

Марио Манџукиќ со серијата добри игри на СП 2018 уште повеќе го привлече вниманието врз себе, неговиот агент веќе доби неколку интересни понуди, но Хрватот дефинитивно расчисти една опција – одбивајќи ја можноста за преселба во таборот на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ се надеваа дека ќе го убедат „Супер Марио“ да се врати назад во Германија гарантирајќи му првотимски статус, но Манџукиќ експресно ја отфрлил оваа понуда, посочувајќи дека има поинакви планови за иднината.

Се уште е неизвесно дали овој фудбалер ќе остане во Јувентус по доаѓањето на Кристијано Роналдо, но големи се шансите тоа да се случи откако „старата дама“ се насочи кон продажба на Гонзало Игуаин.

Претходно, интерес за услугите на Манџукиќ искажа и Жозе Мурињо, кој сака да го доведе Хрватот во Манчестер јунајтед.

Се вчитува...