Манџукиќ се враќа во Европа, во дресот на Галатасарај?

Поранешниот хрватски репрезентативец Марио Манџукиќ повторно се враќа во Европа, во дресот на турскиот Галатасарај.

Раководството на Галатасарај, поради кризата со коронавирусот, моментално е во преговори за раскин на договорот со Радамел Фалкао затоа што клубот тешко се носи со неговата висока плата, но и бонусите кои ги има согласно договорот.

Манџукиќ, пак, е незадоволен од квалитетот на тимот Ал-Духаил, каде игра во моментов, и од лигата на Блискиот Исток па сака да се врати во Европа. Би бил добра замена за Фалкао, а секако за многу помали финансиски средства што е пресудно за Галатасарај кој е на добар пат да го ангажира.

Се вчитува...