Манџукиќ во јануари се сели во Манчестер?

Јувентус е подготвен да го пушти Марио Манџукиќ во Манчестер Јунајтед, доколку англискиот гигант понуди 9 милиони фунти. 33-годишниот напаѓач треба да биде замена за Ромелу Лукаку и за Алексис Санчез кои летово го напуштија тимот од „Олд трафорд“, преминувајќи во италијанскиот Интер.

Јунајтед беше блиску до договор со Хрватот летово, но преговорите пропаднаа бидејќи не успеаја да се договорат со италијанскиот шампион. Доколку Манџукиќ премине во Манчестер се очекува неговата неделна плата да изнесува 87.000 фунти.

Оле Гунар Солскјер се соочува со големи проблеми во нападот пред дербито со Арсенал кое е на програмата вечерва, бидејќи поради повреда надвор од тимот ќе биде првата ѕвезда Маркус Рашфорд.

Се вчитува...