Мане Секуловски се раздели со Шан јунајтед

По пет месеци соработка македонскиот стратег Марјан Секуловски се раздели со вицешампионот на Мјанмар, Шан јунајтед.

„Му благодарам на Шан јунајтед за се што ми овозоможи низ изминативе пет месеци за време на мојот договор за соработка. Ми беше задоволство да работам за овој тим изминатиов период“ – соопшти Секуловски по завршувањето на договорот со Шан јунајтед.

Шан јунајтед изминатава сезона само за еден бод, под сомнителни околности, остана без шампионската круна освојувајќи го второто место зад Јангон јунајтед.

Се вчитува...