Мануел Нојер под сомнение за допинг?

Голманот на Баерн Минхен и германски репрезентативец Мануел Нојер, кој се опоравува од скршеницата на коска на стапалото, е под сомнение за допинг. 32-годишниот чувар на мрежата е надвор од фудбалските терени од средината на септември минатата година и води трка со времето за настап на Светското првенство во Русија. Токму поради тоа, тој и неговите лекари посегнаа по алтернативни методи на лекување, кои можат да бидат и кобни за неговата кариера. Сега Нојер е под истрага за можен допинг.

Имено, неговата повреда е третирана со матични клетки кои се извлечени од друг дел од неговото тело, и вештачки се вбризгуваат во оштетениот дел од коската како таа би се зацврстила дополнително. Со оглед дека Нојер има три скршеници речиси на истото место во текот на кариерата, ова е прекупотребно за побрзо и целосно заздравување. Но, овој метод би можел да биде третиран во спортот како и крвниот допинг, кој е забранет и подлежи на суспензии од ВАДА.

Се вчитува...