„Марадона немаше мозочен удар, во болница е поради анемија“

Диего Армандо Марадона не е во животна опасност откако легендата на аргентинскиот фудбал вчера беше примена во клиника во Буенос Аирес по значително влошување на неговата здравствена состојба. Дел од медиумите шпекулираа дека станува збор за мозочен удар, но неговиот личен лекар Леополде Луке ги демантираше ваквите гласини.

„Диего Армандо Марадона немаше мозочен удар. Тој исто така не е зависник од наркотични средства, па поради тоа да мора да биде донесен во болница. Според првичните информации, неговата состојба би можела да биде еден вид на анемија. Зад него беше емоционално исклучителна тешка седмица, што му создаде огромен притисок и што му се одрази врз здравјето. Знам дека може да биде 10.000 пати подобар од она што е сега, доаѓањето во клиниката му помогна. Во последните денови му беше многу тешко, не сакаше ни да јаде“, истакна Луке.

Точната дијагноза на Аргентинецот се очекува во наредните 24 часа, по што ќе се знае и кога може да се очекува Марадона да се врати во нормала и да ја напушти клиниката.

Се вчитува...