Марадона: Ова е мундијал на емигранти!

Диего Армандо Марадона повторно крена многу прашина на мундијалот во Русија, отворено говорејќи за трендот на големите репрезентации да натурализираат играчи од помалите земји. Во интервју за ТВ-каналот „Телесур“ од Венецуела, Марадона повика да се направи обид да се најде решение за овој поблем.

„Тоа не е тајна, постои мафија која ги зема младите африкански таленти и од нив прави граѓани на Европа. Видете ја Франција, 70% од жителите се емигранти кои се доселуваат во оваа земја. Немаат избор, доаѓаат од сиромаштија и живеат во услови што не се нормални. Потоа кога ќе им се понудат четири оброци на ден веднаш прифаќаат, дури и ако условот е да го променат државјанството. Ова веќе се случува насекаде, дури и во најголемиите репрезентации. Не се сомневам дека овој мундијал го има најголемиот процент на емигранти на сите времиња“ – истакна Марадона.

Се вчитува...