Традиционалниот, 21. Шри Чинмој маратон на себенадминување ќе се одржи на 20. oктомври со почеток во 9 часот маратонот и 10 часот полумаратонот.
Стартот на трката е во Градскиот парк во Скопје. Патеката е кружна со должина од 1731 метар и се трчаат 12 круга (полумаратон) и 24 круга (маратон). Патеката е сертифицирана. Со тоа се обезбедени условите за официјално признавање на постигнатите резултати. Шри Чинмој ги отвори вратите на маратонските трки во Македонија. Веќе 21 пат по ред успешно се одржува и претставува првиот маратон кој се одржал во Македонија. Исто така тој е и воедно државно првенство во полумаратон.
Ќе се прогласуваат победници во апсолутна категорија, како и во категории по возраст за прво, второ и трето место. За сите финишери на маратонот и полумаратонот следува медал и диплома, а за освоено прво, второ и трето место следува пехар, медал и диплома.
Резултати и фотографии од настанот, ќе бидат објавени по одржувањето на Маратонот на Себе-надминување, на страницата на организаторот, www.maraton.mk и на www.facebook.com/Outdoor.mk/
За време на трката учесниците добиваат освежување со вода, сокови и овошје, а по завршувањето добиваат ланч пакет.
Стартни пакети
Стартните пакети ќе се подигнуваат во продавницата за спортска опрема Outdoor, лоцирана во центарот на Скопје, на ул. Македонија, (кај споменикот на Мајка Тереза), во следните термини:
- Петок, 18.10.2019, од 09:00 до 20:00 часот
- Сабота, 19.10.2019, од 10:00 до 17:00 часот
Учесниците кои не се од Скопје, пакетите ќе може да ги подигнат и на денот на трката, пред стартот недела, 20.10.2019, еден час пред почеток на трките.
Регистрацијата завршува на 15.10.2019.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА