Маратон во Лондон ќе има, но ќе трчаат само најдобрите

Организаторите на маратонот во Лондон одлучија годинашното издание на еден од најголемите маратони во светот да се одржи, но само за елитните атлетичари.

Иако маратонот во Лондон традиционално се одржува во пролет, годинава поради пандемијата предизвикана од коронавирусот тој ќе се одржи на 4. октомври и на него нема да може да настапат маратонци аматери поради страв од ширење на вирусот.

Најдорите маратонци ќе трчаат околу „Сент Џејмс Парк“, а не по улиците на Лондон како што традиционално беше минатите изданија. Организаторите се надеваат дека мажите ќе ги предводи минатогодишниот победник и светски рекордер, Кениеецот Елиуд Кипчоге, а во можност за настап ќе биде и легендарниот Кенениса Бекеле.  Кај дамите се очекува Кенијката Бригиџ Косгеи да биде носителка на стартната листа.

Се вчитува...