Мареј елиминиран, Алкараз лесно до 3. коло на Вимблдон

Енди Мареј го заврши настапот на годинашното издание на Вимблдон во 2. коло. Домашниот тенисер и двократен освојувач на Вимблдон загуби од Американецот, Џон Иснер со 3-1, по сетови 6-4, 7-6, 6-7 и 6-4.

Во следното коло Иснер ќе игра со Италијанецот, Јанис Синер.

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз без проблеми се пласираше во 3. коло откако со максимални 3-0, по сетови 6-4, 7-6 и 6-3 славеше над Холнаѓанецот, Талон Грикеспор.

Се вчитува...