Поранешниот освојувач на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен, Енди Мареј успешно се пласираше во 3. коло од годинашното издание.
Британецот во 2. рунда со 3-1, по сетови 5-7, 6-3, 6-1 и 6-0 беше подобар од домашниот тенисер, Емилио Нава. На машкиот дел од турнирот во 3. коло пласман обезбедија и: Карено Буста и Де Минаур.
Кај дамите елиминација доживеа третата носителка, Марија Сакари од Грција која загуби од Кинезинката, Ванг, а во следното коло пласман обезбеди Онс Жабер од Тунис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА