Мареј опериран, ќе паузира ШЕСТ МЕСЕЦИ од терените

Хроничната повреда на колкот беше причина Енди Мареј да го откаже учеството на Австралија Опен, а британскиот тенисер сега го очекува уште подолга пауза од терените. Имено, поранешниот светски рекет број 1 реши да замине „под нож“, за еднаш засекогаш конечно да го реши проблемот со колкот што го мачи речиси две години.

Хируршкиот зафат беше извршен во текот на денешниот ден, а првичните прогнози се дека Мареј ќе паузира околу шест месеци од терените, што би значело дека ќе ги пропушти сите турнири на земјена подлога, вклучително и Ролан Гарос.

Не сум завршил со играњето тенис, повторно ќе бидам на највисоко ниво. Ова беше проблем што едноставно мораше да го решам, не се брзам со враќањето, но се надевам дека ќе бидам „фит“ за турнирите на трева“ – изјави Мареј.

Се вчитува...