Енди Мареј го шокираше светот на тенисот кога само неколку месеци откако замина во пензија прифати да му биде тренер на еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ.
Британецот сега сподели интересна анегдота поврзана со српскиот тренер откривајќи дека соработката започнала на „срамен“ начин.
„По тенискиот тренинг неговиот кондициски тренер ми рече „Новак оди на долго, споро трчање во паркот, дали сакаш да му се придружиш?“, открива Мареј. „Си помислив, Боже мој. Не сум трчал откако имав 25 години, на теренот да, но никогаш како дел од својот тренинг. Си помислив. „Ова ми е прв ден на работа, не можам да кажам не“.
Трчавме околку 50 минути во парк, имаше угорници, со споро темпо. Отприлика по четири или пет минути веќе добив грч во левата потколеница. Си помислив „О не“, но не смеев да кажам ништо од срам. Многу ме болеше. Кога завршив му кажав на неговиот тим дека мораат да ми помогнат“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

