Менаџерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, не се потресува многу поради податокот дека судиите му „подариле“ нерегуларен гол на неговиот тим во градското дерби против Манчестер Јунајтед и порача дека „црвените ѓаволи“ добиле извинување од „сите“.
Изминатиот викенд се играше манчестерското дерби, на „Олд трафорд“ славеше Сити со 1:0 и тоа со голот на Ерлинг Халанд за кој подоцна Премиер лигата призна дека бил нерегуларен.
Но, Мареска не се потресува многу поради сево ова и тој потсети на сезоната 2022/23 кога му беше помошник на Хосеп Гвардиола во Сити и на градското дерби му бил признат идентичен гол на Јунајтед .
„Пред три години се случи идентична ситуација против Манчестер Јунајтед и ние го загубивме тој дуел. Дали се сеќавате дека голот на Рашфорд беше нерегуларен. Да бидам искрен, никој не ни се извини, сè уште го чекаме извинувањето поради тој гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
