Менаџерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, по победата од 5:3 над Сандерленд, во рамки на петтото коло од Премиер лигата, изјави дека во продолжение од сезоната би сакал да има помалку драматични натпревари.
„Сандерленд е навистина добар тим. Физички се силни и знаат да бидат опасни, но повторно успеавме да најдеме начин да победиме. Пред натпреварот реков дека очекувам тежок меч и токму така беше. Примивме два-три гола, но повторно успеавме да дојдеме до победата. Во овие осум недели научивме многу и тоа е позитивно“, изјави Мареска.
Италијанецот нагласи дека неговиот тим сè уште е во фаза на градење и дека секој натпревар носи нови лекции. Според него, резултатот не смее да биде единственото мерило при анализата на играта.
„Како тренер, секогаш се обидувате да научите нешто. Без разлика дали ќе победите, ќе загубите или ќе одиграте нерешено, секогаш го анализирате натпреварот и барате што да подобрите“.
Мареска потенцираше дека секој од досегашните седум натпревари бил различен и барал различен пристап од неговите фудбалери.
„Одигравме седум натпревари и секој од нив беше поинаков. Секој натпревар бара нешто различно“, додаде тој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
