Манчестер Сити доживеа тежок пораз на почетокот од новата сезона од Арсенал (3-0) во борбата за трофејот „Комјунити Шилд“.
Па, веднаш по натпреварот, новиот менаџер на „граѓаните“, Енцо Мареска им кажал на челниците на клубот од Етихад кој играч мора да му го доведат до крајот на летото, откако не дебитираше на клупата на тимот согласно посакувањата.
Поразот на Сити покажа дека нема да му биде лесно на Мареска да го наследи Гвардиола бидејќи очекувањата се навистина огромни.
Мареска смета дека играчкиот кадар што го има во моментов не е доволно добар за да се натпреварува за самиот врв, па затоа неговата цел е да ја зајакне офанзивата.
Англиските медиуми објавуваат дека Мареска се обидува со сите сили да го доведе Педро Нето од Челси бидејќи се очекува Португалецот да ги напушти „сините“ ова лето. Нето има богата понуда од Ал Хилал, но поканата на Сити се чини невозможно да се одбие.
Нето е посебно „загреан“ за да оди на „Етихад“, но Челси не сака лесно да го пушти својот најдобар играч во редовите на своите ривали. Цената за Нето е околу 75 милиони евра, што Ал Хилал е подготвен да ја плати, но по реакцијата на Мареска, се чини дека и Сити ќе се одлучи за Португалецот.
„Мора да ми го донесете до крајот на преодниот рок“, наводно им рекол Мареска на сопствениците на Сити по вчерашната „шлаканица“ од Арсенал.
🚨 Manchester City face competition from Al Hilal for Chelsea winger Pedro Neto.
City’s interest is genuine and could develop if Savinho completes a move to Tottenham Hotspur.
Chelsea value Neto at around £70M, while Manchester City are asking £60M for Savinho.
(Source:… pic.twitter.com/JiTOJuGY8C
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 17, 2026
Мареска работеше со Нето на Стемфорд Бриџ и верува дека 26-годишникот би бил одлично засилување за Сити во новата сезона.
Во наредните денови се очекува Сити да испрати официјална понуда за Нето, а во исто време работат на продажба на Савиња на тимот на Тотенхем за 65 милиони евра, а тие пари сакаат да ги инвестираат во доведувањето на Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
