Марин има понуда од Саудиска Арабија

Капитенот на Црвена Звезда, Марко Марин има понуда од еден клуб од Саудиска Арабија, пренесуваат српските медиуми.

Името на клубот се уште не е познато, а искусниот фудбалер и минатата година имаше понуда од клуб од оваа земја, Ал Сад, која одлучи да ја одбие. Марин сезонава ја одигра послабо од минатата, но се уште е еден од главните фудбалери на српскиот шампион.

Новиот тренер на „црвено-белите“, Дејан Станковиќ одлуката околу тоа кој ќе остане во клубот, а кој ќе замине ќе ја соопшти по првата фаза од подготовките која ќе се реализира на Кипар.

Се вчитува...