Марио Ѓуровски се раздели со Бангкок глас и продолжува во Чиангмаи

Поранешниот македонски репрезентативец Марио Ѓуровски, по крајот на сезоната во Тајланд, ја завршува соработката со досегашниот свој клуб Бангкок глас.

Изминатава сезона Ѓуровски одигра 14 натпревари за Бангкок, притоа постигнувајќи и четири погодоци. Но, откако неговиот тим испадна од најсилната лига во Тајланд се одлучи за заминување од клубот во кој мина една сезона.

Како следна дестинација на 32-годишниот Ѓуровски веќе се нагласува новиот член на најсилната лига во Тајланд, ФК Чиангмаи каде треба да ја продолжи кариерата. Чиангмаи треба да биде четврти клуб на Ѓуровски за време на неговиот престој во Тајланд од 2013 година.

Марио Ѓуровски има одиграно и вкупно 11 натпревари за македонската сениорска репрезентација со постигнати два погодоци.

Се вчитува...