Македонскиот фудбалер Марио Илиевски официјално потпиша за екипата на Приштина. Од клубот потврдија дека Илиевски кој минатата сезона настапуваше во ЦСКА, следната сезона ќе го носи нивниот дрес.
„Среќен сум поради овој трансфер, ова е одличен клуб и среќен сум што сум дел од Приштина. Можам да ветам дека ќе дадам се од себе на секој натпревар за да се борам за титулата и повторно да играм во Европа“, изјави Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА