Марјанчо Андрески е новиот шеф на „романтичарите“

Марјанчо Андрески, долгогодишниот капитен на Работнички, кој досега работеше во младинската школа на клубот, а има искуство и како асистент во сениорскиот погон, ја доби довербата на раководството на клубот да го предводи тимот до крајот на сезоната. Тој доаѓа на местото на Александар Влахо, кој понуди оставка по слабите резултати во првите десет кола и несоодветната позиција на табелата, објави клубот на официјалниот сајт.

Андрески денеска веќе го одработи првиот тренинг со сениорскиот тим, побара од фудбалерите максимално залагање и професионален однос со кој ќе биде надминат овој кризен период, со цел Работнички брзо да се врати на позициите кои ги посакува во македонскиот клупски фудбал.

Работнички в среда му гостува на Шкупи на Чаир, а главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица.

Се вчитува...