Марјановиќ доби неверојатна „рампа“ од 24 сантиметри понизок кошаркар (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ ќе сака што побрзо да го заборави дуелот на неговиот ЛА Клиперс против Јута. Но, не поради поразот туку поради фактот дека мечот го одбележа неверојатната блокада која Марјановиќ ја доби од 24 сантиметри понизок кошаркар.

Во продорот во обид за забивање Србинот беше запрен од плејмејкерот на Јута, Данте Ексум… Марјановиќ, како и да е, мечот го заврши со 9 поени, четири скока и една украдена топка.

Се вчитува...